Република три проекти

Општина Куманово ги распиша тендерските постапки за три проекти одобрени од Владата

Зоната во Речица дополнително ќе се уредува за да се привлечат странски и домашни компании, завршени се одобренијата и по уредувањето на зоната ќе се организира нова аукција. Со средствата од Владата се очекува целосно уредена атмосферска канализација, осветлување на зоната, водоводна мрежа и асфалтирани улици со тротоари.

Општина Куманово ги распиша тендерските постапки за три проекти одобрени од Владата

Општина Куманово ги распиша тендерските постапки за три проекти кои Владата ѝ ги одобри преку програмата за поддршка на општините, информираа денеска од општината.

По изборот на економските оператори ќе почнат да се одвиваат градежните активности за трите проекти.

– Тендерските постапки за сите три проекти: изградба на водоводна мрежа, фекална и атмосферска канализација, изградба на дел од внатрешни сообраќајници, воспоставување на режим на сообраќај и осветлување на дел од внатрешни сообраќајници во индустриска зона-Речица во општина Куманово, реконструкција на атмосферска канализација на улицата „Бајрам Шабани“ и изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа, дел од улицата „Б. С, Бато“ до село Доброшане (со индустриска зона долж патот во Доброшане) во Општина Куманово се распишани и се води постапка за избор на најповолни понудувачи за истите, информираа од општина Куманово.

Зоната во Речица дополнително ќе се уредува за да се привлечат странски и домашни компании, завршени се одобренијата и по уредувањето на зоната ќе се организира нова аукција. Со средствата од Владата се очекува целосно уредена атмосферска канализација, осветлување на зоната, водоводна мрежа и асфалтирани улици со тротоари.

– Последната електронска аукција беше организирана во август 2023-та каде што парцелата со намена складишта и стоваришта беше отуѓена по цена од 31 евро за метар квадратен и како најдобар понудувач беше избрана групацијата „Лидл“. Тие се веќе во тек на изградба на објектот, најголемо складиште за Македонија. Очекуваме поголем интерес, затоа што поинакви се цените кога на пазар нудите уредена зона, парцели со организирана комунална инфраструктура, во однос на понизок степен на уреденост. Очекуваме повисоки цени и од оние за „Лидл“, изјави раководителката на секторот, Емилија Сларидис Јаневска.

Зоната се наоѓа на атрактивна локација во непосредна близина на автопатот Е-75 кон Табановце, (во близина на село Речица) на само пет километри од српската граница и е во близина на двата коридори 8 и 10. Таа е урбанистички уредена за лесна и незагадувачка индустрија, трговски единици, сместувачки капацитети, сервиси и стоваришта.

To top