Република „Лаги и клевети“

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДС треба да се сокрие и да се срами од народот, информациите кои ги објавија за наводен непотизам се неточни

Во наредните денови ќе биде запознаена јавноста со пајажините и стеблата на СДС во Охрид, по принципот не само на вработување, туку и на доделувањето на фотоволтаична централа од господинот Таче на својата сопруга, се наведува во соопштението.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид: СДС треба да се сокрие и да се срами од народот, информациите кои ги објавија за наводен непотизам се неточни

СДС како кумови на непотизмот, нема право да зборува за тоа, затоа што нивните огромни дрва со вработени се толку испреплетени што човек не знае од каде да почне, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:

Во духот на чесноста и празникот Прочка, читајте сега вие по ред за целосната вистина:

Билјана Аврамоска, вработена во време на СДС и преземена од средно училиште во Скопје од страна на директор поставен од СДС во Охрид како дефицитарен кадар електроинженер хардвер и електроника.

Споменатиот роднина Китески е Китевски и воопшто не е прв братучед на секретарот Китески.

Елена Китеска со промена на власта избркана од работа по налог на Жаклина Лазаревска, 9 месец бремена и како сите останати кои беа избркани во 2017 година од образование со промена на власта во 2022 се враќани постепено на работни места.

Кристина Блажеска е вработена на конкурс објавен во јуни 2021 од директорот Грданоски, кадар на СДС во време на нивната локална самоуправа.

Ана Србиноска, пријавена на конкурс за 11 работни места, на кој конкурс за нејзиното работно место нема други пријавени и единствен кандидат кој исполнува услови.

Тео Андоновски е вработен од 2013 година во ЈП ,,Билјанини Извори”, исто така долги години во структурите на партијата.

Кирил Илоски и Катерина Илоска, исто така се вработени уште во 2013 година.
Саше Најдески, претседател на статутарна правна комисија од 2017 година во ВМРО-ДПМНЕ и застапник на партијата во ОИК и ДИК и како кадар на партијата станува директор на ЈП ,,Охридски Комуналец”.

Оливера Попоска, Ангела Арнаудоска и сопругата на секретарот Трифуноски е правилно, со сите законски процедури се избрани за своите позиции.

Илија Арнаудовски ниту бил, ниту е претседател на било каква задница, ниту пак Месен Комитет во Велгошти.

Душко Устијаноски, како што е правилно, не е шеф туку шофер на камион за подигање смет.

Господо криминалци и ширачи на лажни вести од СДС.

Многу имиња и презимиња погрешно ви ги кажале, но и погрешно ве информирале.

Во наредните денови ќе биде запознаена јавноста со пајажините и стеблата на СДС во Охрид, по принципот не само на вработување, туку и на доделувањето на фотоволтаична централа од господинот Таче на својата сопруга.

СДС денес е голем празник Прочка и убаво ќе беше да побарате извинувања и простување од народот, но вие решивте на тежок празник да ги сквернавите чувствата на народот и да изнесувате лаги и клевети.

СДС треба да се сокрие и да се срами од народот, кој со години со ограбува и да знае дека за нив кои постојано грешат ќе има одговорност!

To top