Република

Невреме во Кавадарци- интензивно се работи на терен, Јанчев повикува да се пријави било каков проблем

Невреме во Кавадарци- интензивно се работи на терен, Јанчев повикува да се пријави било каков проблем

Невреме го зафати попладнево градот Кавадарци. Градоначалникот Митко Јанчев информираше дека се работи на расчистување на улиците од паднати дрвја и канделабри и се чистат сливниците.

-По силното невреме проследено со силен ветер кое ја зафати Општина Кавадарци, интензивно се работи на терен каде се активирани Мој Општинар, службите од ЈП Комуналец, служби од ЕВН и ТППЕ Кавадарци. Се работи на расчистување на улиците од дрвја, паднати канделабри, се чистат сливници и големи наноси од кал и песок по градските улици.
Се очекува до вечер сите улици да бидат проодни и функционални. Исто така ги известуваме граѓаните дека за било каков проблем, можат да се јават во Кол центарот на општината на бројот 13-300.

To top