Република пречек со настап на македонски музичари

Нацева: По осум години повторно организиран дочек на Нова Година во Неготино

По цели 8 години, конечно повторно имаме дочек на Новата година на градскиот плоштад, информираше денеска неготинската градоначалничка Марија Нацева, на својата Фејсбук страница

Нацева: По осум години повторно организиран дочек на Нова Година во Неготино

По цели 8 години, конечно повторно имаме дочек на Новата година на градскиот плоштад, информираше денеска неготинската градоначалничка Марија Нацева, на својата Фејсбук страница.

-Ве поканувам заедно да ја почувствуваме новогодишната магија и да ја затвориме годината со музика и празничен дух. На 31 декември од 12 часот, плоштадот ќе биде исполнет со детска радост и празнична атмосфера наменета за нашите најмлади жители. Со нив ќе се дружат омилените ликови Гринч и Стич, а од 12:30 часот настапува и Пајак. Од 22:30 часот, ја пречекуваме Новата 2026 година со концерт на Татјана Стефановска и Влатко Миладиновски, во придружба на Златко и оркестар. Ве очекувам заедно да ја испратиме старата и да ја започнеме новата година, напиша Нацева.

To top