Директорот на ЈП „Комуналец“, Гоце Ангеловски, денеска информираше дека во Кавадарци во тек е реконструкција на фекалниот колектор, со цел подобрување на функционирањето на на целиот колекторски систем и унапредување на животната средина.
– Овој пат, се врши реконструкција на фекалниот колектор со дијаметар на цевки Ф-1000, со што дополнително се допринесе за непречено функционирање на целиот колекторски систем и поздрава животна средина. Исто така, започнати се активности за реконструкција на хлораторната станица, од регионалниот водовод „Лукар“, од кој со вода се обезбедуваат општините Кавадарци, Неготино и Росоман, како и подобрување на катодната заштита на главниот цевковод, реконструкција на филтерната станица и проширување на дигитализациските услуги што ги има Јавното претпријатие „Комуналец“. Најавуваме и инсталирање на скада систем на петте хидроцентрали, со цел поголема контрола и поголемо производство на електрична енергија. Ова се само еден мал дел од активностите што „Комуналец“ ќе ги работи во оваа календарска година, појасни Ангеловски за МИА.
Тој потсети дека најголем дел од зафатите што ги имаат во комуналната инфраструктура, ги реализираат со сопствени ресурси, работници и механизација. Тоа, како што подвлече, значи штедење во време и финансиски средства.