Република

Кавадарци добива спа-центар

Како што информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, спа-центарот ќе располага со парна бања, сауна, џакузи, топли лежалки – клупи, дел со тушеви, соблекувални, простории за масажа, претпростор со тоалет и туш за масажа и технички простории.

Кавадарци добива спа-центар

Во тек се градежните активности за изградба на нов спа-центар, како доградба на спортско рекреативниот објект – затворен базен во Кавадарци, на површина од 240 квадратни метри.

Како што информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, спа-центарот ќе располага со парна бања, сауна, џакузи, топли лежалки – клупи, дел со тушеви, соблекувални, простории за масажа, претпростор со тоалет и туш за масажа и технички простории.

– Со реализацијата на овој проект се проширува понудата на затворениот базен и се создаваат нови можности за релаксација и рекреација, подвлече Јанчев.

Тој појасни дека овој спортско-рекреативен објект, заедно со затворениот базен, се инвестиција вредна 100 милиони денари, преку Министерството за спорт.

Најнови вести од Република

To top