Република

Кавадарци најави хуманитарен карактер на Априлијада

Кавадарци најави хуманитарен карактер на Априлијада

Кавадарци најави хуманитарен карактер на традиционалната манифестација Априлијада за оваа година. За ова денеска информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Годинешнава Априлијада ќе биде малку поразлична. Најавуваме еден поразличен настан, што веруваме дека ќе биде посетен од голем број наши сограѓани, а ќе биде од хуманитарен карактер и ќе има една и единствена цел, собирање на финансиски средства за Бела Кузев и нејзиното семејство, кои ги чека долг пат за лекување во странство, соопштија од градоначалничкиот кабинет.

Оттаму најавија дека во вторник, од 11 часот на градскиот плоштад, ќе се одбележи Денот на шегата.

-Учениците од сите основни општински училишта и дечињата од објектите од детската градинка ,,ЈОУДГ Рада Поцева’’, ќе продефилираат во улога на нивните омилени ликови од цртаните филмови, во друштво на маскоти. Истовремено, ќе има поставено кутија за донации. Во неа, апелираме сите што ќе бидат присутни на градскиот плоштад, да дадат придонес во лекувањето на малата Бела.

Во овој тежок период, да помогнеме таму каде што сме најпотребни. Кавадарци за Бела, порачаа од кабинетот на Јанчев.

Најнови вести од Република

To top