Република

Кавадарци доби отсек медицинска сестра во средното образование

Кавадарци доби отсек медицинска сестра во средното образование

Кавадарци доби отсек медицинска сестра во средното образование, информираше денеска претседателот на Совет на Општина Кавадарци, доктор Стојанче Рамов, изразувајќи задоволство и благодарност што добиле верификација од министерката за образование и наука Весна Јаневска и од 1 септември ќе стартувал нов смер медицинска сестра во средното општинско училиште „Ѓорче Петров”.

-Општина Кавадарци континуирано работи на унапредувањето на воспитно образовните услови во урбани и рурални заедници, нагласи тој.

Притоа упати благодарност до раководството на училиштето кое потпишало меморандум за соработка со ЈЗУ Општа болница Кавадарци и други медицински установи.

To top