Република во конкуренција на градови од 25.000-500.000 жители

Јорданов: Штип е прогласен за Европски град на спортот за 2024 година

Градоначалникот најави дека во 2024 година секое населено место во Штип ќе добие модерни спортски терени и содржини, а спортските клубови и спортистите – финансиска поддршка за нивните достигнувања да бидат уште поголеми.

Јорданов: Штип е прогласен за Европски град на спортот за 2024 година

Штип е прогласен за Европски град на спортот за 2024 година во конкуренција на градови од 25.000-500.000 жители.

Градоначалникот Иван Јорданов објави дека вечерва на гала доделувањата на награди во Европскиот парламент во Брисел ја примиле наградата и признанието кое претставува одлична можност за уште поголем развој на спортот, спортските клубови и спортската инфраструктура во градот.

-Ја користам оваа прилика да најавам дека во првата половина од 2024 година ќе започне изградбата на СЦ Џексон со капацитет до 1000 посетители. Доизградба и целосна реконструкција на градскиот стадион со две модерни трибини и атлетска патека. Изградба на сала за училишен спорт во населба Три Чешми и Караорман. Превземање и доизградба на затворениот базен кој подолго време е во застој. Изградба на сала за боречки спортови, објави Јорданов на Фејсбук.

To top