Наредната недела се очекува официјално доделување на уверенијата за старо-новиот градоначалник на Штип, Иван Јорданов, и на 23 новоизбрани советници, изјави денеска претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Штип, Виктор Вацев. Тој вели дека претходно мора да заврши законскиот рок за приговори по изборите, кој истекува вечерва во 19 часот. По разгледувањето на евентуалните приговори, ДИК ќе го потврди резултатот и изборите ќе станат конечни.
-Вчера во текот на вчерашниот ден Општинската изборна комисија до ДИК во Скопје ги достави сите оригинал 16 записници, од сите Избирачки места на територијата на Општина Штип, како и записникот за сумирање на резултатите за сите 80 Избирачки места, кои што беа доставени до ДИК, каде што од вчера таа ги објави и првичните резултати, што значи дека започнува да тече рокот од 24 часа за приговори кои што завршува денеска во 19 часот, а потоа ДИК ги разгледува сите пристигнати договори и потоа одржува седница, каде што до сите Општински изборни комисии доставува заклучок за конечност за изборите, каде што врз основа на тој заклучок самите Општински изборни комисии прават заклучоци за конечност за изборите. Очекуваме во текот оваа недела ДИК ќе ја завррши процедурата, каде што од народната недела ќе можеме и да ги доделеме и уверенијата на ново избраните советници, како на старо новиот градоначалник на Општина Штип, Иван Јорданов, изјави Вацев.
Веднаш по доделувањето на уверенијата, следи формирање на новата локална власт во Штип.
-Веднаш штом ќе и се доделат уверинија за избрани советници, законот предвидува во рок од 20 дена стариот претседател на Советот на Општина Штип, го свикува новиот Совет на Општина Штип, каде што се бира и претседател на советот, вели Вацев.