Зимската служба при јавното претпријатие „Комуналец“ Кавадарци започна со работа, информираше вечерва кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Тој соопшти дека во насока на безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во зимски услови, на терен се ангажирани три возила.
– Едно возило е активно на подрачјето на град Кавадарци. Второ возило работи на релација Дреново – Бегниште – Ресава – Шивец. Трето возило е распоредено по Бошавијата, на правец Ресава – Бегниште. Апелираме до граѓаните за внимателно движење и почитување на сообраќајните правила. Нашите екипи се постојано на терен и ја следат состојбата, сподели Јанчев на својата Фејсбук страница.
Имено, Јанчев објави дека започнал процесот на производство на вештачки снег.
„Покрај слабите природни врнежи, во ски-центарот Михајлово започна процесот на производство на вештачки снег, со што официјално се интензивираат активностите за подготовка на ски-стазата за претстојната зимска сезона. Надлежните служби континуирано работат на терен, следејќи ги временските услови и применувајќи ги сите потребни технички мерки за обезбедување квалитетни и безбедни услови за скијање“.