Нов кружен тек ќе се гради во новиот центар во Кавадарци, кај што ќе бидат отворени комплексот Литл Америка и Лидл, рече денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев во изјава за медиумите, при вовед во работа за кружен тек на Северен Булевар.
– Посебна благодарност до Лидл за донацијата и поддршката во реализацијата на овој проект. Со заеднички сили продолжуваме да ја градиме модерната и функционална урбана средина, рече градоначалникот.
Тој истакна дека овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе за подобрување на сообраќајниот проток, зголемена безбедност и полесно движење за сите граѓани.
– Побрз сообраќај, поголема безбедност, подобра поврзаност. Продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата – за подобро секојдневие на сите, нагласи Јанчев.
Задоволство од реализацијата на новиот кружен тек, изразија и претседателот на Совет на Општина Кавадарци и претставник од компанијата Лидл. (МИА)