Република олдтајмери

Изложба на стари автомобили „Зрно по зрно“ се одржа во Кочани

-Овој настан е организиран од љубителите на старите автомобили, луѓе кои го даваат својот ентузијазам и својата желба да се претстават пред нашите сограѓани. Сакам да ја искажам подготвеноста дека ќе бидеме секогаш добри домаќини и очекувам овој настан ќе прерасне во традиција, рече градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

Изложба на стари автомобили „Зрно по зрно“ се одржа во Кочани

Под мотото „Зрно по зрно – Изложба на автомобили од минатиот век“, на паркингот кај Трговскиот центар во Кочани денеска беа претставени шеесетина стари возила – олдтајмери.

Изложбата ја организираше Автомобилското здружение „Љубители на класик мини“ од Скопје, во соработка со Општина Кочани.

-Настанот доаѓа по инцијатива на еден ваш сограѓанин којшто е љубител на олдтајмери. Поентата е да направиме иницијатива меѓу луѓето од овој дел од државата, да се активираат за преставување на олдтајмерите. Целта е да се зачува историското наследство од автомобилската индустрија што на младите генерации ќе им ги прикаже почетоците и развојот на автомобилското производство, истакна Боби Ван, организатор на настанот.

На изложбата имаше модели на автомобили од различни производители, со примероци стари над 80 години што некогаш се возеле по нашите патишта, а беа претставени и возила од Република Србија.

-Овој настан е организиран од љубителите на старите автомобили, луѓе кои го даваат својот ентузијазам и својата желба да се претстават пред нашите сограѓани. Сакам да ја искажам подготвеноста дека ќе бидеме секогаш добри домаќини и очекувам овој настан ќе прерасне во традиција, рече градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов.

Освен стари автомобили чии сопственици се од Кочани, изложувачи имаше и од Кавадарци, Куманово, Свети Николе, Велес, Пробиштип, Виница, Македонска Каменица, Тетово и Скопје.

На сите учесници организаторот им додели благодарници, при што беше нагласено дека изложбите на олдтајмери придонесуваат и за социјализација, дружење, стекнување нови пријателства и развивање на свеста за културата во сообраќајот.

Најнови вести од Република

To top