Република

Ивор Мицковски со жестока критика за изборите во СДСМ: „Внатрепартиски избори со еден кандидат и тој не е самостоен“

Ивор Мицковски преку објава на социјалните мрежи реагираше на процесот на избор на нов претседател на СДСМ, откако Централната комисија на партијата утврди дека Венко Филипче е единствениот кандидат за партиски лидер на изборите закажани за 16 март.

„Внатрепартиски избори со еден кандидат и тој едниот не е самостоен“, напиша Мицковски, алудирајќи на тоа дека изборниот процес не носи вистинска демократска конкурентност и дека кандидатот не ја ужива потребната автономија.

Неговата реакција доаѓа откако СДСМ го претстави процесот како доказ за демократскиот капацитет на партијата, нагласувајќи дека нејзините членови директно го избираат лидерот.

Најнови вести од Република

To top