Република

Двајцата кандидати за градоначалник за Општина Карбинци го потпишаа кодексот за фер избори

Двајцата кандидати за градоначалник за Општина Карбинци го потпишаа кодексот за фер избори

Потпишан кодексот за фер и демократски избори во Општина Карбинци, од понеделник започнува изборната кампања. Претседателката на Општинска изборна комисија (ОИК) Карбинци, Адријана Велинова вели дека двајцата кандидатите за градоначалници се обврзаа на чесна и транспарентна кампања, а Општинската изборна комисија продолжува со подготовките за успешен изборен процес.

-Денес во организација на Општинската изборна комисија Карбинци, кандидатите за градоначалници потпишаа кодекс за фер и демократски избори, што значи дека од понеделнк официјално започнува изборната кампања и ќе имаме една кампања како што доликува на Општина Карбинци во фер и демократска атмосфера. Општинската изборна комисија на Карбинци работи континуирано подготуввање на изборниот процес. Во тек се понатамошни активности за едукација на избирачките одбори. Организација околу гласачките места, рече Велинова.

-Изборната кампања од понеделник во Општина Карбинци започнува со шест листи за Совет на општината и двајца кандидати за градоначалник, потенцираше претседателката на општинската изборна комисија Адријана Велинова.

Од понеделник започнува изборната кампања. Првиот изборен круг од Локалните избори ќе се одржи на 19 октомври, додека вториот е предвиден за 2 ноември.

To top