Република вода

ЦУК: Неисправна е водата за пиење во Куманово

Поради неисправност водата од кумановскиот вододвод да не се користи за пиење, соопштува Центарот за управување со кризи.

ЦУК: Неисправна е водата за пиење во Куманово

Поради неисправност водата од кумановскиот вододвод да не се користи за пиење, соопштува Центарот за управување со кризи.

По вчерашните обилни поројни врнежи од дожд и град во Липковскиот регион е предизвикано зголемување на нивото на Липковска Река, што има влијание на системот за водоснабдување – на филтер станицата на ЈП Водовод Куманово. Според информација од одговорното лице на филтер станицата се работи за количина на над 10.000 m3 заматена вода што влијае на процесот на прочистување и испорака на истата до граѓаните.

Од тие причини, во моментот е појавена заматеност на водата во цевководниот преносен систем и е прекината дистрибуцијата до граѓаните, што најверојатно ќе трае во текот на целиот денешен ден, а по потреба, се до моментот на надминување на состојбата“, стои вио известувањето на ЦУК до јавноста.
Веднаш е побарано инспекциските служби и Центарот за јавно здравје од Куманово да излезат на лице место, направат увид, земат мостри за анализа и донесат соодветно решение за понатамошна постапка. Истовремено е известена и Општина Куманово за понатамошна постапка, во насока преземање мерки и активности за надминување на состојбата во интерес на граѓаните.

Најавено е дека во 12.00 часот ќе заседава Општински штаб со сите претставници од институции во Општина Куманово.

To top