Регион паника

Земјотрес во Србија со јачина од 3,8 Рихтерови степени

Денеска во 9 часот и 47 минути беше регистриран земјотрес во околината на Крагуевац, објави Републичкиот сеизмолошки завод.

Земјотрес во Србија со јачина од 3,8 Рихтерови степени

Денеска во 9 часот и 47 минути беше регистриран земјотрес во околината на Крагуевац, објави Републичкиот сеизмолошки завод.

Земјотресот бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.

Според очевидци, земјотресот го почувствувале жителите на Јагодина, Пожаревац, Крагуевац, Свилајнaц, па дури и во Белград, пишува „Блиц“.

„Се почувствуваа два кратки удари по ред“, вели жител на Петровац на Млави.

„Креветот се нишаше само малку, неколку секунди“, „Слабо тресење на кратко траење!“

„Овој земјотрес ме разбуди, мама го држеше телевизорот да не падне“, вели друг жител на Петровац на Млави.

„Се нишаше лустерот“ – вели белграѓанка.

И вчера имаше земјотрес во Србија, со јачина од 3,2 степени.

To top