Денеска во Крагуевац, Србија е регистриран силен земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
Земјотресот се случил во 12:20 часот по локално време, а дека теоретскиот интензитет во епицентарот бил проценет на IV-V степени по Меркалиевата скала.
Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат многу мала штета на објектите во епицентралното подрачје.
Земјотресот бил проследен со звук, исто како и ланскиот.