Претседателот на Србија одговорајќи на прашањето кога може Србија да очекува големо натпреварување на кое организатор ќе биде земјата изјави дека за тоа е потребна подобра инфраструктура и завршен национален стадион.
– Испративме писмо финалето на Лига Европа да се игра кога ќе го изградиме Националниот стадион, кој ќе биде готов до 1 декември 2026 година. Ни треба подобра инфраструктура за натпревари и повеќе стадиони. Далеку сме од Шпанија, Англија, Германија, рече Вучиќ.
Тој додаде дека по отворањето на стадионите во Заечар и Лозница ќе се реконструираат стадионите во Ниш и Крагуевац, а белградските стадиони на Партизан и на Црвена звезда „мора да се помодерни“, затоа останува и тие да се реконструираат.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин додаде дека Србија се уште е далеку од организација на големи натпреварувања.
– Ако имате подобра инфраструктура, се е можно, засега е тешко, рече Чеферин.