Регион Српско МО

„Вооружувањето на српската армија е одбранбено, не претставува закана за регионот“

„Како суверена и меѓународно призната земја, во согласност со политиката на прогласена воена неутралност, Србија отворено и транспарентно го спроведува процесот на зајакнување на својата армија, изразувајќи во исто време јасен став дека таквите чекори не претставуваат закана за кој било во соседдсството“, се наведува во соопштението.

„Вооружувањето на српската армија е одбранбено, не претставува закана за регионот“

Опремувањето на српските вооружени сили со современи вооружени системи и воена опрема е планиран и континуиран процес што произлегува од стратешката определба на земјата да ја зајакне својата одбрана пред се како инструмент за одвраќање од потенцијална вооружена агресија, соопштено српските власти, пренесе Бета.

Министерството за одбрана соопшти дека затоа ги отфрла „апсурдните и злонамерни тврдења на таканаречениот премиер на привремените институции на Приштина (Албин Курти) во кои тој го поврзува вооружувањето на српската армија со ескалација на ситуацијата во регион“.

„Како суверена и меѓународно призната земја, во согласност со политиката на прогласена воена неутралност, Србија отворено и транспарентно го спроведува процесот на зајакнување на својата армија, изразувајќи во исто време јасен став дека таквите чекори не претставуваат закана за кој било во соседдсството“, се наведува во соопштението.  (МИА)

To top