Во Тирана од 11 до 13 месецов ќе се одржи 51. Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа.
– Министерството за внатрешни работи и Генералниот директорат на државната полиција во соработка со Генералниот секретаријат на ИНТЕРПОЛ – Меѓународната организација за криминалистичка полиција, ќе ја одржат 51-та Регионална конференција на ИНТЕРПОЛ за Европа во Тирана. Ќе учествуваат околу 200 претставници од агенциите за спроведување на законот на европските земји и пошироко, стои во соопштението на албанското МВР.
Се додава дека оваа конференција е најважната активност на ИНТЕРПОЛ во Европа, на која “високи лидери од земјите членки ќе имаат можност да разменат искуства и да донесат одлуки за напредокот на мерките на органите на прогонот во борбата против меѓународниот организиран криминал”.
– Во текот на деновите на конференцијата ќе има излагања на високи државни функционери на Албанија и лидерите на ИНТЕРПОЛ. Утре во Конгресната палата ќе се одржи и официјална конференција за медиумите, стои во соопштението.
Албанија беше примена за членка на Меѓународната организација за криминалистичка полиција во 1991 година, откако беше донесена одлука на Генералното собрание на оваа организација, која денес се смета за втора по големина организација по Обединетите нации.