Зголемен е бројот на дневни прегледи на децата во здравствените домови во Србија поради респираторни инфекции. Во изјава за РТС д-р Марија Голубовиќ, педијатар во Здравствениот дом „Савски венац“,вели дека амбулантите се преоптоварени, а бројот на прегледи на деца од предучилишна и училишна возраст достигнува над 200.
Низок интензитет на активност на вирусот на грип и спорадична географска дистрибуција е забележан во неделата зад нас. Сепак, има благ пораст на бројот на заболени во однос на претходната недела, информираат од Институтот за јавно здравје „Милан Јовановиќ Батут“.
Пријавени се 8.787 случаи на болести слични на грип. Најчест е кај бебињата, децата и тинејџерите.
„Зборуваме за инфекции на горните дишни патишта. Присутен е рота вирусот. Тоа се „стандардни“ вируси за овој период од годината. Причините за поголемиот број на болни деца се промените на времето, престојот во колективи…“, истакнува Голубовиќ.
Според неа, симптомите се кивање, кашлање, болки во грлото, течна столица.