Покраинскиот пратеник на Движењето на слободни граѓани (ПСГ) воп Србија, Радивоје Јововиќ е уапсен во текот на ноќта, а утрово обвинителот предложил притвор до 30 дена, јавија српски медиуми.
Пратеникот од ПСГ изјави за Н1 даека пратеници никогаш досега не биле апсени, а зад се стои намерата на власта да ги заплаши граѓаните.
Јововиќ е обвинет за напад на службено лице на протестот одржан во вторникот пред градското собрание на Нови Сад. Тој всушност се предал во полиција бидејќи вчера по него била распишана потерница.
„Имаме нови информации дека обвинителот предложил 30-дневен притвор, сега да ја чекаме одлуката на судот“, рече пратеничката на ПСГ, Ана Орег.
Таа објасни дека Јововиќ како покраински пратеник, за разлика од републичките, нема имунитет.
Орег потсети дека утре се одржува седницата на покраинскиот парламент, а на чело на пратеничкиот клуб е Јововиќ и според неа – тоа е преседан што не требало да се случи.(МИА)