Немирите почнаа по завршувањето на полуфиналниот натпревар од Купот на Хрватска кој заврши со победа на Динамо, кога група домашни навивачи влегоа на теренот со цел да го нападнат гостинскиот тим и навивачи.
„Со навремена реакција и дејствување на полицијата нападот е спречен и луѓето се пренасочени на трибините“, соопштија од полицијата.
Во соопштението се вели дека по натпреварот, во и околу стадионот, во неколку наврати поголеми групи луѓе ја нападнале полицијата фрлајќи кон нив запалени ракети, шишиња, камења и други предмети.
„Во овој момент лекарска помош побарале тројца полициски службеници кои се пренесени во сплитската болница. Оштетено е и едно службено возило“, се вели во соопштението објавено по полноќ.