Регион

Во Дубровник силни безбедносни мерки поради пристигнувањето на Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за првпат ќе пристигне во Хрватска за да учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа во Дубровник, кој го организира заедно со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

Во Дубровник силни безбедносни мерки поради пристигнувањето на Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за првпат ќе пристигне во Хрватска за да учествува на самитот Украина – Југоисточна Европа во Дубровник, кој го организира заедно со хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ.

Тоа е трет самит во овој формат – првиот се одржа во август 2022 година во Атина, вториот во февруари 2024 година во Тирана – а главната цел на состанокот во Дубровник е да се изрази солидарноста и поддршката на земјите од Југоисточна Европа на Украина, која се соочува со руска агресија.

Одѕивот на високи функционери на земјите од регионот на третиот по ред самит Украина-Југоисточна Европа е најголем досега.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не беше поканет на самитот.

Пристигнувањето на претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ и претседателот на Косово, Вјоса Османи и петмина премиери: на Грција, Киријакос Митотакис, на Бугарија, Димитар Главчев, на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, на Албанија Еди Рама и Борјана Кришто, претседателка на Советот на министри на Босна и Херцеговина.

Турција, Србија, Романија и Молдавија ќе бидат претставени на ниво на министри за надворешни работи.

Србија во пресрет на самитот неформално објави дека во Дубровник ќе дојде и претседателот Александар Вучиќ, иако претходно беше најавен министерот за надворешни работи, Марко Ѓуриќ како највисок претставник на земјата.

Познато е дека учесниците самитот ќе го искористат за низа билатерални средби, а на средбата во Дубровник ќе учествуваат и потпретседателката на Европската комисија, Дубравка Шуица и генералниот секретар на ОЕЦД, Матијас Корман.

-Од безбедносни мерки на рутата на движење до контрола на храна и пијалоци, до антиексплозија; потоа транзитно осигурување, гранична контрола, контрола на странци, контрола на домашни лица. Така што всушност сите мерки што можеме да ги замислиме, особено во денешното време каде што се актуелни беспилотните летала и анти-дронови; снајперисти, контра-снајперисти, морнарица, воздухопловство, изјави за ХТВ експертот за безбедност, Боно Марјановиќ, додавајќи дека за одржување на овој самит би можеле да бидат ангажирани над илјада луѓе.

To top