Регион србија

ВИДЕО: Хаос во Србија, родителите на жртвите го нападнаа убиецот од Младеновац

Денеска во Вишиот суд во Смедерево е донесен осомничениот Урош Блажиќ, кој на 4 мај во селата Мало Орашје кај Смедерево и Дубон кај Младеновац со автоматско уби девет млади лица.

Откако беше внесен во судница, родителите на жртвите од масакрот го нападнаа Блажиќ по што тој веднаш беше изнесен од судницата.

Тој и судските стражари побегнале од судницата, а бил со лисици на нозете и на рацете.

Родителите викале, а во судницата дојде и Брза помош, која интервенирала откако на неколку лица им се слошило.

Таткото на двајца од жртвите извикуваше пред судницата: „Седам со убијците, да седам да ги гледам, да ми се смеат во лице. Ги уби син ми и ќерката!“.

Мајката на убиениот пак, по излегувањето од судницата извика: „Не можам да се смирам“.

Видеото погледнете го ТУКА

To top