Планинар загина денеска на планината Височица во Босна и Херцеговина, откако паднал.
Неговиот пријател, кој бил во непосредна близина, ги известил полицијата и Планинската спасувачка служба (ГСС) Прењ.
Веќе четири часа, 20 спасувачи по исклучително непристапен терен се обидуваат да го извлечат телото на загинатиот планинар до позиција која ќе биде погодна за понатамошен транспорт со хеликоптер.
Се уште не е познато дали подигнувањето на телото со хеликоптерот ќе се случи вечерва, поради ноќните услови за летање.
Во акцијата за извлекување на телото на планинар се вклучени и спасувачи до ГСС Сараево и ГСС Јабланица.