Европската комисија објави одредени флексибилности на ЕЕС системот што би можеле да спречат големи гужви во текот на летната сезона.
Оваа одлука е донесена поради растечката загриженост дека може да има сериозен сообраќаен хаос во текот на летната сезона, особено по целосното спроведување на ЕЕС, кое беше најавено за 10 април.
„Воведувањето на ваков голем систем е сложена и комплицирана задача. Затоа се одлучивме за постепено воведување со вградена флексибилност. Ова значи дека земјите-членки ги имаат потребните алатки за решавање на евентуални проблеми благодарение на ова постепено лансирање“, објасни портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, и додаде:
„Знаеме дека фазното воведување трае до април, но бидејќи слушаме и загриженост за претстојната летна сезона, постои вградена флексибилност и за летниот период, така што земјите-членки, доколку е потребно, секогаш можат да го продолжат овој период на фазно воведување до септември.“
Оваа флексибилност им овозможува на поединечните земји сами да одлучат колку брзо да го зголемат процентот на регистрација.
Наместо ненадејно префрлување на 100-процентна биометриска верификација во април, беше дозволено постепено да се воведува технологијата во текот на наредните најпрометни месеци.