Доцна синоќа ужасна вест го потресе селото Дубионица во општина Сјеница, пренесуваат српските медиуми.
39-годишна жена ја избодела својата 67-годишна свекрва неколку пати со нож.
Според тамошните медиуми, осомничената снаа живеела во Германија, но во моментот на инцидентот била во Србија поради бракоразводна постапка.
Свекрва починала од здобиените убоди.
Инцидентот се случил во семејниот дом, а случајот бил пријавен кај надлежните.
Против осомничената е поведена постапка поради сомнение за тешко убиство. Во моментов е во притвор.