Регион

Ужас во Хрватска: 62-годишна жена си ја убила својата мајка

Осомничената е под полициски надзор.

Ужас во Хрватска: 62-годишна жена си ја убила својата мајка

Во Хрватска 62-годишна жена си ја убила својата 82-годишна мајка, потврди полицијата.

Убиството се случило во станбена зграда на улица „Сјечањска“, пренесува хрватски Индекс.

„Според досега утврденото, наведеното не е извршено со огнено оружје“, стои во краткото соопштение на полицијата.

Според неслужбени информации, ќерка си ја убила мајката.

Осомничената е под полициски надзор.

Увидот на местото на злосторството и кривичната истрага се во тек.

To top