Умерен земјотрес со јачина од 4,2 степени попладнево беше регистриран во Егејското море меѓу Грција и Турција во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците од Геодинамичкиот Институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот бил 13 километри југозападно од Сими, а засега нема инфомрации за повредени или материјална штета.