Регион по трагедијата во цетиње

Тридневна жалост во Црна Гора

Тридневна жалост во Црна Гора

Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост од утре за трагедијата во Цетиње. Pремиерот Милојко Спајиќ побара вечерва да се откажат сите настани на отворено низ државата.

-Страшната трагедија не’ погоди сите. Во моментов сите полициски екипи, се што е на располагање, се во Цетиње. Го бараме сторителот, на добар пат сме, изјави Спајиќ за РТЦГ.

Тој рече дека четири лица се тешко повредени и дека лекарите се борат за нивниот живот.

-Сите се на операционите маси, па се надеваме дека ќе излезат, тоа е најважно во моментов, рече премиерот.

Тој рече и дека по оваа трагедија треба да се запрашаат кој може да има оружје во Црна Гора.

Концертите закажани за 1 јануари на главните градски плоштади, во Подгорица и другите општини беа откажани поради страшниот масакр што се случи во Цетиње.

По страшниот масакр, Владата донесе одлука да ги откаже сите прослави и народни собири закажани низ цела Црна Гора.

Инаку, новогодишните концерти беа откажани низ целото црногорско приморје, од Херцег Нови преку Тиват и Будва.

Ацо Мартиновиќ (45) е осомничен дека денеска во Цетиње убил повеќе лица, меѓу кои и деца. Полицијата изјави дека убил и членови на неговото семејство.

To top