Вчера се случи трагедија во Грција. Повозрасен државјанин на Србија се удави во морето кај Платамона, се сомневаат дека доживеал срцев удар.
Според неофицијални информации, мажот бил извлечен во несвест од морето, спасувачите притрчале да помогнат, но за жал, не можеле да го спасат.
„Се претпоставува дека мажот доживеал срцев удар додека се уште бил во вода. Се се случило некаде околу 18 часот, а спасувачите веднаш се обиделе да му помогнат, го реанимирале, но веќе било доцна“, пишуваат грчките медиуми.