Регион „Скендербег“

Тирана блесна во новогодишно руво

Побара од граѓаните на Тирана да поканат што повеќе нивни роднини и пријатели, кои се во или надвор од државата, но и до странците, празниците да ги поминат во Тирана.

Тирана блесна во новогодишно руво

Тирана и официјално влезе во најубавиот период од годината, откако традиционално, на плоштадот „Скендербег“ светнаа светилките на големата новогодишна елка.

За разлика од другите години, годинава во центарот има три новогодишни елки на кои истовремено беа вклучени светилките, кои ги вклучи градоначалникот Ерион Велиај, опкружен со многу дечиња облечени како Дедо Мраз и пеејќи празнични песни.

-Со палење на светилките, сите да го запалиме доброто светло во себе, да правите добри дела за семејството и државата. Многу важно е сите да бидеме по солидарни, со љубов меѓусебно да си помагаме, особено овој месец на празници. Важно е овие празници да покажеме бескрајна љубов и да продолжиме со убава мисла и во новата година. Среќни празници! Нека донесат просперитет и добрина на сите ваши семејства. Многу ве сакам! Да живее Тирана и да живее цела Албанија, порача тој.

Побара од граѓаните на Тирана да поканат што повеќе нивни роднини и пријатели, кои се во или надвор од државата, но и до странците, празниците да ги поминат во Тирана.

To top