Регион Поплави

„Страв и ужас“: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ

Се стравува дека оваа бројка може да биде значително поголема.

„Страв и ужас“: Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ

Само во областа Јабланица, 16 лица загинаа во поплавите и одроните што ја погодија БиХ, додека две лица се удавија во Фојница, со што вкупниот број на загинати се искачи на 18, а се стравува дека оваа бројка може да биде значително поголема.

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без покрив над главата.

„Досега е утврдено дека загинале 16 лица“, соопшти МУП на Херцеговско-неретванската жупанија, мислејќи на жртвите чии тела се пронајдени во Јабланица.

Јабланица беше најтешко погодената општина во синоќешните поплави.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Според пишувањата на медиумите, во населбата Јабланица се бараат десетици луѓе, па се стравува дека црниот биланс од поплавите е многу поголем.

Според последните информации, на тоа подрачје се водат за исчезнати 40 лица.

Местото го посети и министерот за одбрана, Зукан Хелез, кој на лице место ги виде размерите на катастрофата. Состојбата ја нарече страв и ужас.

„Поради планираните летови со хеликоптер, можам да останам само 45 минути, бидејќи копнен пристап е дозволен само на единиците кои учествуваат во спасувачката операција“, рече тој.

To top