Министерството за внатрешни работи на Србија, во врска со случајот со исчезнувањето на 2-годишното девојче Данка Илиќ во Бањско поле, апелира до медиумите да не објавуваат непроверени и неточни информации.
На овој начин се загрозуваат истрагата, чија цел е што поскоро да се најде девојчето, соопштуваат утрово од МУП на Србија.
Безбедноста и пронаоѓањето на девојчето е апсолутен приоритет кој е над сите други интереси, се нагласува во соопштението.
Се додава дека припадниците на МУП интензивно работат на пронаоѓање на малата Данка, како и на утврдување на сите факти и околности поврзани со нејзиното исчезнување.