Осомничениот за повеќекратно убиство Ацо Мартиновиќ бил лоциран во близина на неговата куќа во Бајице, јавува порталот ПРЕСС.
Портал пишува и дека нешто по 19 часот бил опколен и полициските сили се обидуваат да го уапсат.
Седум лица беа усмртени денеска во пукањето во Цетиње, објави порталот РТЦГ.
Полициската управа апелира до граѓаните да бидат присебни и да не ги напуштаат домовите. Меѓу другите, убиени се: М.В., Р.М., Б.М. Повредено е и едно лице со иницијали А.М. Како што пренесува Цетињски лист, по крвава пресметка во кафаната, напаѓачот убил и двајца малолетници.
-Денеска во попладневните часови во ресторан лицето А.М.(45) со употреба на огнено оружје им одзело животи на неколку лица. Вооружен го напуштил објектот и побегнал, соопштија претходно од УП.