Поради обилните снежни врнежи, сообраќајот е целосно во прекин на седум патишта во Босна и Херцеговина (БиХ).
Според најновиот извештај на Автомото клубот на Босна и Херцеговина (БХАМК), од 16 сообраќајот е во целосен прекин на патните правци Гламоч-Млиниште, Босанско Грахово-Дрвар-Босански Петровац, Дрвар-Гламоч, Купрес-Благај, Котор Варош-Теслиќ, Бања Лука -Кнежево и Босански Петровац-Кључ.
Забранет е сообраќајот на камиони на патните правци Томиславград-Пошушје и Рипач-Врточе.
„Поради тешки зимски услови сообраќајот за товарни возила на граничниот премин Изачиќ е во прекин. На граничните премини Велика Кладуша и Градишка на влезот во БиХ има долги колони патнички возила. На другите гранични премини патничките возила не чекаат повеќе од 30 минути“, соопшти БИХАМК.