Албанскиот премиер Еди Рама вечерва соопшти реконструкција на владиниот кабинет „Рама 4“, формиран во септември минатата година по мајските парламентарни избори.
Од владата заминува вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку, која од Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) е осомничена за корупција. Нова вицепремиерка ќе биде Албана Кочиу, актуелна министерка за внатрешни работи.
Се формира Министерство за инфраструктура и енергетика, со кое ќе го раководи Енеа Каракачи. Ферит Хоџа, поранешниот амбасадор на Албанија во ЕУ, е назначен за министер за Европа и надворешни работи, функција на која е Елиса Спиропали.
Бесфорт Ламалари ја напушта функцијата министер за правда и ја презема функцијата министер за внатрешни работи, додека Тони Гогу е назначен за прв човек на Министерството за правда. Заминува и Пиро Венгу од Министерството за одбрана, кој ќе биде заменет од Ермал Нуфи.
Ерјона Исмаили е именувана за министерка за односи со Парламентот.