Словенечките вооружени сили денеска во воздухопловната база Церкље на Крки ја започнаа тридневната вежба „Есен 2025“, за време на која ќе вежбаат усогласување на своите оперативни планови со регионалните планови на НАТО, објави Министерството за одбрана на земјата.
Во соопштението се наведува дека вежбата ќе се фокусира на процедурите за зголемување на воените капацитети, мобилизација и поддршка на земјата домаќин во потенцијални кризни услови.
Вежбата е усогласена со новиот модел на сили на НАТО, кој беше одобрен на самитот во Мадрид во 2022 година, и е дизајниран да ги зајакне одвраќањето, одбраната, управувањето со кризи и соработката во безбедноста.
Словенечките единици се дел од овие сили, кои се способни за брзо распоредување во голем број мисии, а контингентот во кој се дел е моментално распореден во Латвија и Словачка.
Во текот на неделата, припадниците на словенечката војска ќе ја одржат и вежбата „Пајажина“, интегриран систем за воздушна и ракетна одбрана на НАТО, насочен кон идентификување и пријавување на нарушенија на воздушниот простор и реагирање на беспилотни летала.
Министерството објави дека наскоро ќе ја одржи вежбата „Залив 2025“ во словенечките територијални води, со учество на командата на 430-та морнаричка дивизија и патролниот брод „Анкаран“.