Регион Х

Шмит: БиХ сега игра во повисока лига, треба да почнат да спроведуваат реформи

„Важна вест доаѓа од ЕУ дека БиХ може официјално да ги започне пристапните преговори. Ова е голем чекор, момент сериозно да се пристапи кон спроведување на реформите“, напиша Шмит на социјалната мрежа Х.

Шмит: БиХ сега игра во повисока лига, треба да почнат да спроведуваат реформи

Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит денеска изјави дека Босна и Херцеговина, по одлуката на Европскиот совет да и даде „зелено светло“ за отворање на пристапните преговори, игра во повисока лига, со големи очекувања и уште поголеми можности.

„Важна вест доаѓа од ЕУ дека БиХ може официјално да ги започне пристапните преговори. Ова е голем чекор, момент сериозно да се пристапи кон спроведување на реформите“, напиша Шмит на социјалната мрежа Х.

Тој додаде дека „се уште се потребни конкретни чекори“.

Европскиот совет синоќа и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите со ЕУ, но без преговарачка рамка, што ќе се знае кога БиХ ќе ги усвои сите 14 приоритети што Европската комисија и ги постави во 2022 година. (МИА)

To top