Животот го загуби пилотот на авионот за обука на грчкото воено воздухопловство што претпладнево се урна во близина на воениот аеродром во грчкиот град Каламата, јави дописничката на МИА од Атина.
Портпаролот на военото воздухопловство на Грција соопшти дека во 11.28 часот авион од типот Τ-2 Buckeye, што изведувал лет за воздушна обука се урна при враќањето, на половина наутичка милја северозападно од аеродромот што резултираше со смртни повреди на 40-годишниот пилот.
Станува збор за авион од типот Τ-2 Buckeye со две седишта што се користи за обука на пилоти.