Додека цела држава чека полицијата да го пронајде телото на Данка Илиќ, двајцата осомничени С.Ј и Д.Д го признале делото и детално опишале како го убиле девојчето.
За српските медиуми се огласи и мајката на осомничениот Д.Д., кој денеска треба да биде сослушан во Обвинителството заедно со другиот осомничен. Мајката тврди дека нејзиниот син не ја убил малата Данка и вели дека нејзината здравствена состојба сериозно се влошила по оваа вест.
„Кога слушнав што се случи, имав 180 со 100 крвен притисок,, реков дека ќе одам во Итна помош, но не успеа бидејќи беа во Банско Поле. А и сега не ми е добро“, беше првата реакција на мајката на осомничениот Д.Д. Таа како што пренесуваат српските медиуми објаснила каков бил нејзиниот син:
„Тој е добар син, слуша, тој ми беше десна рака. За се. Затоа плачам, тој ми беше десна рака. Сакаше само по некоја чашка да се напие. Не ми кажа ништо за девојчето. Тој беше уапсен на работа, не сум го видела. Треба да се капе, да се избричи и да се пресоблече“, вели таа.
Таа е убедена дека нејзиниот син не извршил страшно злосторство и покрај полициското соопштение дека тој самиот го признал делото, пишуваат медиумите. Потврдила и дека полицијата и ја пребарала куќата.
„Јас велам дека не бил тој. Гарантирам 200-300 проценти дека воопшто не го направил. Бараа, имам штала овде, можеби е смешно, имам кутии со јајца таму. Не најдоа ништо, ниту во машината за перење, ниту во машината за шиење, ниту во оставата, чајната кујна“, рече таа.