САД ја одобрија продажбата на артилериски ракетен систем ХИМАРС на Хрватска во вредност од 390 милиони долари, соопшти Пентагон.
Во набавката на системот, како што пренесува Индекс.хр, ќе биде вклучена и компанијата Локид Мартин.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ неодамна најави натамошни инвестиции во хрватската армија, меѓу другото, и со ХИМАРС.
ХИМАРС е високо подвижен артилериски систем земја-земја на тркала. Системот вклучува камион, систем за наведување и контејнер со капацитет од шест ракети.
Во регионот ниедна земја нема ХИМАРС. Во Европа, според достапните информации, го имаат само Полска, Романија и Украина.
Пристигнувањето на ХИМАРС драматично би ја зголемило огнената моќ на хрватските копнени сили и би претставувало моќно средство за одвраќање, пиштува Индекс.