Србија е вознемирена по веста дека за неколку дена САД ќе воведат целосни санкции против Нафтената индустрија на Србија, поради руска сопственост.
Од 2008 година, НИС е во мнозинска сопственост на руската државна компанија „Гаспром нефт“ и нејзината чадор компанија „Гаспром“.
Според најавите, санкциите ќе стапат на сила на 1 јануари 2025 година и дека станува збор за „веројатно најстроги санкции“.
Според податоците на Централниот регистар на хартии од вредност, „Гаспром нефт“ и „Гаспром“ поседуваат 56,15 отсто од поранешниот државен гигант, додека 29,87 отсто се во сопственост на Република Србија.
Европската унија и САД го ставија „Гаспром нефт“ во црната листа во 2014 година по руската анексија на украинскиот полуостров Крим.