По средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, Робинсон пред новинарите изјави дека САД работат со косовските институции „за подобро Косово денес и за подобра иднина за сите граѓани на Косово“.
-Фактот што сум тука ја потврдува нашата поддршка за тоа што го правите, за она што го работи полицијата, за она што безбедносните служби го прават за граѓаните на Косово. Мислам дека е тоа навистина важно и мојата порака до нив, до сите вас, е дека САД се тука за да ве поддржат во вашите напори да изградите витални безбедносни институции и структури на судството, на правдата. Работиме за подобро Косово денес, но и за посилно, побезбедно и потранспарентно Косово во иднина, за сите граѓани на Косово, изјави Робинсон.
Тој рече дека за време на престојот во Косово ќе се сретне и со „колегите од Владата и од судството“. На средбата со Османи, информира Робертсон, станало збор за „важни прашања за кои долго се разговара“ меѓу двете влади.