Регион Се утврдуваат причините за пожарот

Расте бројот на загинати и повредени во пожарот во Тузла

Единаесет лица загинаа, а 35 се повредени во пожар што синоќа го зафати Домот за пензионери во Тузла, јавија утрово сараевските медиуми.

Расте бројот на загинати и повредени во пожарот во Тузла

Единаесет лица загинаа, а 35 се повредени во пожар што синоќа го зафати Домот за пензионери во Тузла, јавија утрово сараевските медиуми.

Меѓу повредените има и тројца полициски службеници и петмина пожарникари.

Според информациите, пожарот избувнал околу 21 часот на седмиот кат од зградата, каде што биле сместени неподвижни и тешко подвижни лица.

Екипи на противпожарната служба, полицијата и итната медицинска помош веднаш излегле на терен, а повредените биле пренесени во Универзитетскиот клинички центар во Тузла.

Истражните органи ја утврдуваат причината за пожарот.

To top