Едно лице е убиено, а друго тешко рането во престрелка што се случила во петокот попладне во супермаркет во Пиреја.
Едното лице им подлегнало на повредите, додека другото е итно пренесено во болница. Нивниот идентитет не е соопштен. Полицијата приведе еден осомничен.
Медиумите пренесуваат дека дошло до пресметка меѓу тројца турски државјани, а клиентите кои биле во продавницата во моментот на инцидентот почнале панично да бегаат заедно со вработените.
Едното лице им подлегнало на повредите, додека другото е итно пренесено во болница. Нивниот идентитет не е соопштен. Полицијата приведе еден осомничен.
Тамошните медиуми пренесуваат дека двајца државјани на Турција влегле во продавницата и се упатиле кон делот за овошје и зеленчук. По нив, трет маж влегол во продавницата, извадил пиштол и почнал да пука.
Наводно, убиениот почнал да го влече пиштолот, но истрелот го усмртил на лице место. (МИА)