Малку по девет часот во Бар се случила престрелка во која загина едно лице. „Вијести“ доби неофицијална потврда од Управата на полицијата дека е убиен член на организирана криминална група.
„Мондо“ пишува дека е убиен 29-годишниот Е.М., припадник на Шкаљарскиот клан. Е.М. и претходно и бил познат на полицијата, а во последно време се шпекулира дека се свртел против Шкаљарскиот клан и дека давал информации на противничкиот клан.
Полицијата го блокираше градот и трага по еден или повеќе сторители. Локалните медиуми јавија дека напаѓачот избегал со мотор. На местото на настанот пристигнала полиција и брза помош. Во тек е полициска истрага по што треба да се знаат повеќе информации.