Во Србија и денеска продолжуваат протестите против намерите за ископ на литиум, и според медиумите најавени се протести во Краљево, Шабац, Аранѓеловац и Љиг. Во вторник ќе има протести во Косјериќ и Младеновац. Во изминативе денови протести имаше во Ваљево Лозница, Гроцка, Прељина, Коцељева и Неготин.
Протестите се интензивираа откако Владата на Србија ја усвои Уредбата за утврдување Просторен план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на минералот јадарит „Јадар“.
Низ државата се организираат и најавуваат протести против Рио Тинто и ископувањето и експлоатацијата на литиум. (МИА)